Мицотакис разговарал со Нолан за филмот „Одисеја“
Ваквите продукции создаваат мост меѓу богатото културно наследство на Грција и современото творештво, му посочил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на режисерот на филмот „Одисеја“, Кристофер Нолан за време на нивниот разговор преку видеоконференција.

Како што информираа од кабинетот на премиерот на Грција, Мицотакис му честитал на британскиот режисер за екранизацијата на епската поема на Хомер и му се заблагодарил за „придонесот на филмот во зголемувањето на глобалниот интерес за античко-грчката култура“.
Дополнително, грчкиот премиер се осврнал и на големиот комерцијален успех што го постигна „Одисеја“ и изразил благодарност за фактот што значаен дел од снимањето било во Грција.
Фото: Кабинет на грчкиот премиер






