Грозданов: Антинатовците посегнаа по најризични тези, па и по меѓуетничките тензии

Аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов во последната колумна насловена „Екологисти, активисти или само антинатовци“ го истакна значењето на рударскиот сектор за домашната економија. Тој потсети дека во услови кога Македонија нема море, нема нафта, сепак има рудни богатства чија мудра експлоатација може да обезбеди економска сигурност. Според него, инвестицијата во нови рудници не е прашање на дневна политика, не е прашање на еден мандат на локална, законодавна или извршна власт, туку е стратешко прашање за долгорочен економски развој.

-Се случија низа одлуки кои се многу важни за нашата држава и за нејзиниот економски и научно-образовен развој, а со посебен акцент на Ваша заштита и сочувување на сите наши деца во оваа мила и прекрасна држава. Уставен суд има одлучено дека сите минерални суровини на територија на Македонија се во сопственост на сите граѓани на Македонија, а не само на група граѓани. Вишиот Управен суд спречи нова арбитража во Лондон и ново отштетно побарување на товар на Државниот Буџет на Македонија. Неговата пресуда е патриотска и на Македонија, а посебно на граѓаните на Струмица ќе и донесе 3500 директни и индиректни вработувања и неколку милијарди евра промет. Дигресија: Од арбитражата со рудникот Казандол добиваме обврска за исплата на штета со вредност од минимум 400 милиони евра, пишува Грозданов.

Во низата одлуки кои ги набројува, Грозданов се осврнува и на најавата за изградба на рудник за бакар во Иловица, чиј инвеститор информираше дека во процесот ќе имаат касетно одлагање на суви јаловишта.

– Еуромакс ресурси се согласија на касетно одлагање на суви јаловишта. Со овој потег покажаа дека имаат намера да ги разбијат сите грижи на јавноста за штетноста на процесот на експлоатација на бакар и да им ги побијат сите аргументи на скептиците кои се во научните кругови. Што значи суво јаловиште и касетно одлагање? Еве во неколку реченици. Постојат големи преси. Се употребува соодветна количина на рударска вода која нема да го сопре процесот на избалансираност на рудникот и потребите на човекот, целиот друг животински свет и не го загадува под ниеден услов земјоделието. Водата преку пресите се исцедува и во нејзе во затворени системи се наоѓа целиот метал. Остануваат суви јаловишни касети, брикети, пити, цигли…. како сакате кои немаат никаков отпаден материјал во себе, туку напротив е полн со потребни минерали кои можат да се употребуваа во земјоделието во зависност од PX вредноста на земјиштето. Тоа се вика инаку „Круг на животот“, појаснува металуршкиот инженер.

Тој сепак во контекст на оваа инвестиција во југоисточниот регион, додава дека, за жал антинатовците посегнале по најризични тези, меѓу кои и ширење на меѓуетнички тензии. Грозданов неколку пати нагласи дека т.н. „еколошки активисти“ имаат политичка, а не еколошка агенда и одработуваат за нарачател чија цел е да се стопираат западните инвестиции во земјава.

-Им сметаат Албанците, особено нивните министри и шират еден страв дека ќе се албанизира Струмица. Добро, ај да видиме дали имаат двојни аршини. На пример, господинот Стојан Трн Велков сними реклами за познат ланец на продавници за бела техника. Таму газда е Албанец. Не пречи на каузата ова или некој се обидува да скрие нешто? Инаку овој господин не разбира што е имплозија (пригушена експлозија која го растресува земјиштето и нивото на бучава е нормално за човековото уво) и зборува дека ќе имало огромно ниво на детонации, вибрации, бучава, кисели дождови итн. Или пак како вели, а антропол.мк пренесува ќе се ослободеле арсен, манган, сулфур врзан за карпите, пишува Грозданов.

Аналитичарот додава дека е симптоматично што политичката партија Левица, која отворено смета дека Македонија не треба да остане членка на НАТО, се служи со истите тези на лажните еко активисти.

-Се пресметуваат со своите политички противници и ја ставаат изградбата на рудникот Иловица во предизборна политичка кампања. Многу погрешно. Многу кусогледо. Но, очекувано. Прашањето е дали политичките партии кои претендираат да зачуваат или освојат власт ќе паднат на оваа многу опасна замка. А замката гласи „дали повторно ќе се борат за гласови во 4-та изборна единица на тема нови рудници“? Еднаш господинот Зоран Заев во 2016 го јавна овој популистички змеј, политички профитираше, но дали Македонија профитира или изгуби драгоцено време, и е ставена во ситуација да плаќа астрономски отштети, ќе ја гледаме разврската во 2024 година, заклучува Грозданов.

Back to top button
Close