Груби го барале во два различни стана – во игра се 10 милиони евра
Полицијата во координација со јавен обвинител и судија на претходна постапка врши претреси на девет локации, а акцијата се oднесува за набавката на Државна лотарија на ВЛТ апарати вредни над 10 милиони евра.
На две адреси бил баран Артан Груби, на две Перпарим Бајрами, додека на пет други адреси биле барани членови на Комисијата за јавни набавки при Државната лотарија. Груби и Бајрами не биле на локациите кои ги посетила полицијата.
Вчера, Груби, кој од неодамна заврши на црната листа на САД, на Фејсбук напиша дека е во приватна посета на Косово.
Од Обвинителството и МВР најавија повеќе детали за акцијата во текот на денот(press24)