Груби имал полициско обезбедување, ама не било со него кога избегал
Поранешниот вицепремиер Артан Груби, денот кога избега за Косово, преку фејсбук статус откри дека тој имал лично полициско обезбедување, кое, според неговите зборови, го известил дека ќе оди во Косово.
-Денеска бев во приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш што ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето семејство, напиша Груби пред два дена.
Од „Фокус“ побарале одговор од МВР дали е точно дека Груби имал полициско обезбедување, бидејќи самиот тврди дека ги известил за неговото патување. Од Министерството за внатрешни работи ни одговорија дека обезбедувањето не било со Груби дента кога заминал.
…