Груби оствари средба со новата германска амбасадорка, Петра Дрекслер
Потпретседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со новата амбасадорка на Сојузна Република Германија, г-ѓа Петра Дрекслер.
Скрининг-процесот и патот на евроинтеграциите, реформите во земјата, уставните измени како и економскиот развој беа теми на разговор меѓу Груби и Дрекслер.
Посакувајќи ѝ добредојде и успех во нејзиниот мандат, Груби оцени дека двете земји традиционално имаат пријателски односи и како резултат на меѓусебната соработка, Република Северна Македонија денеска ја гледа Сојузна Република Германија како стратешки партнер.
Амбасадорката, Дрекслер ја оцени соработката меѓу двете земји, велејќи дека таа треба да се продолжи уште повеќе во унапредување на оваа соработка во сите области од кои се од заемен интерес.
Двајцата соговорници разговарале за процесот на уставните измени и за обезбедување на поширока поддршка за продолжување на следната фаза од преговорите, при што Груби ја информирал германската амбасадорка за заедничкиот проевропски фронт како и за иницијативата за почеток на уставните измени.
Сојузна Република Германија го поддржува членството на Република Северна Македонија во Европската Унија.