ГТЦ и Градска болница останаа без вода
Дефект ја прекина водоснабдата во центарот на Скопје – без вода болница, трговски центар и повеќе улици
Голем дефект на водоводната мрежа на улицата Филип Втори, пред хотелот „Холидеј ин“, утрово остави дел од центарот на градот без вода. Од 9 часот, без водоснабдување се Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, Градскиот трговски центар, како и објектите на потегот од Собранието до хотелот „Холидеј ин“, вклучувајќи ги и улиците Кеј 13 Ноември, Мирче Мацан и Мирче Ацев.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека нивните екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот, но се уште нема точна проценка колку долго ќе траат поправките, ниту кога потрошувачите повторно ќе добијат вода.
Апел за трпение и следење на информации
Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните да бидат трпеливи и да ја следат нивната официјална комуникација, каде ќе бидат објавени сите нови информации поврзани со нормализацијата на водоснабдувањето