Гутереш го повика Хамас да продолжи со ослободување на заложниците

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го повика Хамас да продолжи со планираното ослободување на заложниците, еден ден откако палестинската терористичка група ја објави својата намера да ја запре размената.

„Мораме по секоја цена да избегнеме обновување на непријателствата во Газа што би довело до огромна трагедија“, нагласува тој во изјавата.

Хамас вчера објави дека ќе престане да ги ослободува израелските заложници до понатамошно известување поради, како што го нарече, израелското кршење на договорот за прекин на огнот во Газа, што го зголемува ризикот од повторно разгорување на конфликтот

Back to top button
Close