Гутереш: На Русија и на Украина ќе им треба време за да воспостават прекин на огнот

epa10036671 United Nations General Secretary Antonio Guterres during the press conference after the opening of the plenary session of the UN Ocean Conference at Lisbon, Portugal, 27 June 2022. The UN Ocean Conference 2022 runs from 27 June to 01 July 2022. EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Ќе биде потребно извесно време Русија и Украина да ја „сфатат потребата од прекин на огнот и да се обезбеди мир”, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во интервјуто за турската агенција „Анадолија”.

„Мислам дека ќе потрае некое време, но се надевам дека нема да продолжи засекогаш како другите кризи. Ќе биде потребно извесно време за земјите да ја сфатат потребата од прекин на огнот, да се обезбеди мир врз основа на Повелбата на ОН и нормите на меѓународното право. ОН и Турција воспоставија силни партнерства во справувањето со драматичните последици од војната во Украина, вели Гутереш на прашањето дали војната во Украина ќе се одолговлекува како оние во Сирија, Јемен и Либија.

Тој, исто така, додава дека ОН заедно со ЕУ и САД, „прават се што е можно” за да се осигураат дека санкциите нема да го попречат снабдувањето со храна и ѓубрива.

„Јас сум заинтересиран за решавање на проблемите, а не за забелешките на страните. Првиот проблем што треба да се реши е да се обезбеди пристап на руските земјоделски производи и ѓубрива до меѓународните пазари. Сè уште има некои пречки, правиме се од себе санкциите да не го попречуваат снабдувањето со храна и ѓубрива. Заедно со САД, ЕУ и другите партнери правиме напори во таа насока”, вели тој.

Гутереш додава дека преку ОН се водат преговори за организирање извоз на амониум-нитрат од Русија преку Украина.

По однос кризата со коронавирусот, Генералниот секретар на ОН предупреди на можност светот да се соочи со посериозна пандемија.

„Во исто време, мора да бидеме подготвени за епидемии во иднина. Видовме дека светот не успеа да демонстрира единство за време на пандемијата на коронавирусот. За неколку години може да се соочиме со посериозна пандемија. Ова е момент кога земјите мора да сфатат дека светот и меѓународната заедница се соочуваат со растечки нееднаквости и закани што можат да предизвикаат тензии, немири и кризи”, коментира Гутереш.

Back to top button
Close