Хакирани Твитер и ЈуТјуб налогот на британската Влада

Британската армија соопшти дека води истрага откако биле хакирани нејзините профили на Твитер и ЈуТјуб.

Видео снимки од криптовалути со фотографија од милијардерот Илон Маск се појавија на канал на ЈуТјуб,  додека на Твитер се ретвитнати неколку коментари поврзани со НФТ токените, јави Би-Би-Си.

Војската го потврди „упадот“, соопштувајќи дека ја сфатила безбедносната ситуација многу сериозно и дека сега ги решава проблемите, а двата налога биле вратени.

-Бидејќи го решивме прашањето и истрагата е во тек, во моментов не би било соодветно да коментираме повеќе, рече портпаролот на армијата.

Не е познато кој го извршил хакерскиот напад, во кој беа сменети имињата на налозите на британската армија.

Во еден момент името на профилот на Твитер беше сменето во Бапесклан, а до неделата вечерта се се врати во нормала.

„Се извинуваме за привременото суспендирање на нашиот налог. Ќе спроведеме целосна истрага и ќе научиме од овој инцидент. Ви благодариме што не следите и нормалното функционирање сега ќе продолжи“, соопшти војската. с

Back to top button
Close