ХАЛКИДИКИ И ТЕСАЛОНИКИ

Да се чудиш колку маестрално играат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и Христијан Мицкоски. Што убаво му ја нафрлија на волеј топката на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да им даде гол со петица. Баш фино му се погоди ВМРО-ДПМНЕ во кампањата за европските избори – од уста не ја вади „Северна Македонија“, „северниот сосед“ и „Скопје“. Што убаво нѐ начека. Па ако досега Грците премолчувале или се правеле како да не чуле, отсега во секоја прилика, на сите ќе ни го мерат секое неспоменување на „северна“.

Немам сомнеж дека Гордана Сиљановска-Давкова и Христијан Мицкоски имале добар план. Таа нема да каже „северна“ во заклетвата, тој ќе каже дека институциите се „северни“, ама тој нема да изговара „северна“, дома сите ќе им аплаудираат, Грција сме ја зафркнале и оп – цел свет ќе нѐ вика само Македонија. Генијално смислено. ВМРО-ДПМНЕ баш апелира на тој вид патриотизам. На тие што дома се јаки, го веат знамето од Кутлеш, а првиот продолжен викенд даваат жртва за татковината во редиците за влез кај душманите со пасошот на Република Северна Македонија, а на прашањето на грчкиот полицаец: Каде одите?, спремно одговараат: Тесалоники.

Македонија повторно горда.

Нејсе, на 28 мај ќе имаме ново Собрание. Не се сомневам дека првата активност на 58-те пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да си извадат дипломатски пасоши. Тие што имаат бугарски пасоши, отсега не мора да ги покажуваат за влез во ЕУ. Со дипломатските пасоши ќе можат преку ред да ја минуваат границата со Грција.

А претседателката и врховната командантка Сиљановска-Давкова, откако го врати на меѓународна сцена прашањето за името што успешно беше затворено со Преспанскиот договор и приемот во НАТО, самата почна со креативни досетки. Веќе неколкупати ја повтори фразата „асномска Македонија“, што не знам дали ќе им се допадне на вмровците од „Македонија вечна“, но избегнувајќи да го изговори уставното име на земјата, прави јазични акробации, што на крајот во различни варијанти се сведуваат на „нашата држава“.

Која држава? Северна, несеверна, барем Македонија ќе им ѕунеше во ушите.

Целата колумна на Горан Михајловски на сдк.мк

Back to top button
Close