Хамас ја критикуваше кампањата на Израел против ОН

Палестинската милитантна група Хамас денеска ја осуди кампањата на Израел против институциите на ОН, нарекувајќи ја „празно обвинување“ со цел да се спречи помошта за луѓето од Појасот Газа.

„Тоа е последното шупливо обвинение против Светската здравствена организација за, како што го нарече Израел дослух со движењето Хамас, повторувајќи ги лажните тврдења за користење болници во воени операции“, се вели во соопштението на Хамас, пренесува Анадолија.

Хамас, исто така, ги осуди обвинувањата на Израел против Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA) со цел „прекинување на нејзиното финансирање“.

Израел тврди дека Хамас ги користи болниците во Појасот Газа за воени цели, додека палестинското движење ги негира таквите наводи.

Хамас ги повика Обединетите нации и меѓународните институции „да не попуштаат пред израелските закани и уцени“.

„Ја нагласуваме важноста на улогата на овие (агенциите на ОН) во обезбедувањето помош на нашиот народ и документирањето на злосторствата од окупацијата“, посочи Хамас.

Back to top button
Close