Хамас ослободи четиригодишно девојче со израелско-американско државјанство, Бајден ја потврди веста

Меѓу 16 заложници кои ги држеше Хамас, денеска беше ослободено и четиригодишно девојче, Авигејл Едан, со израелско и американско државјанство.

„Таа е слободна и сега е во Израел“, изјави Џо Бајдем. „Она што таа го издржа е незамисливо“, рече тој, додавајќи дека очекува Хамас да ослободи уште Американци

Четиригодишната Едан беше заробена од терористите на Хамас на 7 октомври додека се криела во домот на нејзиниот сосед, семејството Бродуч, во Кибуц Кфар Аз.

Back to top button
Close