Хаверц би можел да се врати на терените пред крајот на сезоната

– Микел Артета верува дека повредениот Каи Хаверц би можел да игра пред крајот на сезоната, што би било одлична вест за Арсенал.

Хаверц доживеа кинење на тетивата за време на тренинг кампот на „топџиите“ во февруари, за што беше потребна операција.

Поради тоа, клубот од северен Лондон почна да го пушта Микел Мерино како лажна деветка.

Од објавата за повредата на Германецот на натпреварот на Арсенал против Саутемптон на 25 мај од последното коло во Премиер лигата, ќе поминат 108 дена.

-Не е секоја повреда иста. Начинот на размислување на овие двајца (Сака и Хаверц) е многу, многу сличен. Одлична работна етика, очајна желба да се вратат во игра што е можно побрзо и одличен медицински персонал да се грижи за него. Значи, се надеваме дека ќе успееме да го вратиме (пред крајот на сезоната), но да почекаме. Кога ќе стигнете до последната фаза на рехабилитација, тогаш подобро ќе разберете колку сте блиску или далеку од следниот чекор, изјави тренерот на „топџиите“.

Back to top button
Close