Хезболах му честиташе на Иран за постигнатиот договор, но предупреди дека нема да толерира напади

Хезболах го поздрави постигнатиот договорот помеѓу САД и Иран, но упати и предупредување дека нема да прифати понатамошни напади кои „го нарушуваат националниот суверенитет“.
Во соопштението Хезболах му честита на Иран за неговото „големо достигнување“ и изрази „длабока благодарност“ до Исламската Република за инсистирањето дека секој договор мора да вклучува прекин на огнот во Либан.
– Иран уште еднаш потврди дека е навистина голем сојузник и силен поддржувач, се истакнува во соопштението.
Но, Хезболах истакна дека нема да прифати никаква агресија и оти ќе ја брани својата територија до целосно повлекување на израелските трупи и враќање на затворениците“.
Иран и медијаторот Пакистан претходно објавија дека договорот, кој се очекува да биде потпишан в петок, ќе донесе моментален крај на непријателствата на сите фронтови, вклучително и во Либан, каде што израелските сили се борат против Хезболах.
Претходно, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема да се повлече од окупираните територии во Либан






