Хилари Клинтон ја поддржа Сана Марин со слика од себе каде танцува

Американската политичарка Хилари Клинтон јавно ѝ изрази поддршка на финската премиерка Сана Марин, која беше снимена како танцува и рапува на забава.

Во својата Твитер-објава, до фотографијата од себе, Клинтон се осврна на славната глумица Џинџер Роџерс и цитат на Ен Ричардс – гувернерка на американската сојузна држава Тексас од 1991 до 1995 година. Инаку, Ричардс беше првата жена на таа позиција. Така, Хилари им се придружи на бројните жени од Финска, но и од цел свет, кои на интернет-просторот споделуваа свои видеоснимки и слики како се забавуваат – во знак на поддршка.

„Како што рече Ен Ричардс, ‘Џинџер Роџерс направи сè што правеше и Фред Астер. Само таа го правеше тоа наназад и на потпетици’. Ова сум јас во Картагена, каде што дојдов на средба како државна секретарка на САД. Продолжете да танцувајте, @МаринСана!“, напиша Клинтон.

Сана Марин претходно се најде во скандал поради снимка од нејзина приватна забава во друштво, каде што се гледаат и чаши алкохол… Финската опозиција побара од неа да направи и тест за дрога, што таа и го направи, а истиот беше негативен. Скандалот продолжи кога се појави ново видео на кое Сана танцува со пејачот Олави Усивирта…

И додека едни се воодушевени од однесувањето на премиерката и го сметаат за вистинско освежување, други сметаат дека нејзиното однесување било „несоодветно“ за политичарка.

Back to top button
Close