Хонг Конг го усвои контроверзниот Закон за химна

– Лидерката на Хонг Конг Кeри Лам го одобри законот со кој се уредува употребата на националната химна и се предвидува одговорност доколку таа не се почитува, соопшти прес-службата на локалната власт.

Овој правен акт, усвоен од Законодавно-правниот совет на 4 јуни, ќе стапи во сила откако утре ќе биде објавен во Службен весник.

– Како и националното знаме и грбот, и химната е симбол на нацијата. Како составен дел на Народна Република Кина, Специјалниот административен регион  Хонг Конг е должен со закон да го чува достоинството на химната, рече таа.

Законот предвидува дека потценувачки однос кон официјалната химна на Народна Република Кина „ДоМарш на доброволците“ ќе се казни со парична казна до 50.000 хонгкошки долари (6.450 американски долари) и затвор до три години.

Back to top button
Close