ХРТ: Нови излезни анкети од изборите во Хрватска – ХДЗ ја зголеми предноста


– Според новите излезни анкети на агенцијата Ипсос, ХДЗ и партнерите на денешните избори во Хрватска освоиле 59 мандати, СДП и партнерите 43, Домовински покрет и партнерите 13, Мост и партнерите 11, Можеме! и партнерите добиваат 10 мандати, ИДС 2 мандати и по еден 1 мандат освоија Фокус/Република и Независна платформа Север.

Излезните анкети за Хрватската радио и телевизија ги спроведе агенцијата Ипсос на примерок од нешто повеќе од 20.000 испитаници во сите 10 изборни единици, односно 2.000 испитаници во секоја изборна единица. Анкетата е спроведена на 400 избирачки места, по 40 во секоја изборна единица во општините и градовите.

Во Хрватска денеска се одржаа 11-те парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година. Во 7:00 часот беа отворени над 6.500 избирачки места на кои се гласаше до 19 часот.

Back to top button
Close