Хрватски град забрани турбо-фолк во кафулињата

Властите на градот Ѓурѓевац, северна Хрватска, донесоа одлука за забрана за пуштање турбо-фолк музика („цајки“) во угостителските објекти. Покрај забраната за турбо-фолк, за викендов е поставено и ново работно време за рестораните и другите угостителски места.

„Од 24 јуни до 26 јуни угостителите можат да работат без престан. Работното време важи и за терасите поставени до угостителските објекти, како и за шаторите на јавни површини. Во угостителските објекти на плоштадот ‘Свети Јурај’ и ‘Староградската улица’ во Ѓурѓевац може да се изведува само соодветна традиционална и популарна музика“, се истакнува во соопштението на властите.

Back to top button
Close