Хвала Бугаријо

Кој да ги направи контактите кај нас? Ај да речеме, министерот за надворешни работи Бујар Османи има поважна работа – лобира за Косово и ги убедува Албанците од дијаспората да се попишат. Ама, колку телефони свртел претседателот Стево Пендаровски? Кои приватни контакти ги искористил за државата да обезбеди вакцини? Кај менаџерот се јавил, вика. Шеф на држава кај менаџер на компанија се јавува и овој го откачил.

Па имаме ние уште двајца претседатели што ги плаќаме. Кај кого се јавија Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов? Толку никаде не оставиле сопствен печат? Толку Иванов за десетте години додека беше шеф на држава не успеа ни на државна сметка, додека шеташе по светот да создаде некое пријателство за да се чувствува комотен да дигне телефон? Има ли за државата нешто поважно од вакцините во овој момент? Која дипломатска машинерија ќе лобира низ светот кога немаме амбасадори ни во Вашингтон, ни во Пекинг, ни во Москва ни во Белград, ни во Софија…

Кај нас во МНР во отсекот Јавна дипломатија ги ставаат по казна, а Србија држи лекции по јавна дипломатија со „Хвала Србија“. Или, колкумина државни службеници, здравствени експерти и правници си ја сфатиле сериозно задачата во Владата, во Министерството за здравство и во сите оние агенции што ги храниме и чијашто главна задача беше да ни обезбедат вакцини за платата што ја примаат? Старите кадри остави ги, ионака ништо не работат, новиве се наши, им дадовме работа за да има лепче за сите. И – видовме колку ги бива и старите и новите. Кој да ги донесе вакцините? Партиските полтрони од СДСМ? Или националистите од ДУИ? 4Во какво лудило е донесена државата покажува тоа што и пописот се продава како врвен патриотски чин.

Една обична статистичка операција сега стана мерка за љубов кон татковината. Навистина, не можам да ги сфатам овие што повикуваат на бојкот на пописот. Се плашат од корона, или се плашат колку Албанци ќе се попишат? Што си мислат кога повикуваат на бојкот? Дека пописот нема да важи, дека ќе се поништи, дека бојкотирачите ќе ги бројат во посебна графа? Дека ќе се пребројат Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби… и – „Не отварам врата“!? Не, бре. Ќе си важи бројката на попишаните. Исто како за референдумот за Северна Македонија што беше услов за НАТО. Готова е таа работа. Не излегоа, бојкотираа, се подбиваа со „северџани“…

Ама се важеа гласовите на тие што излегоа да гласаат. Исто беше и на последните избори. Од многу паметни правење – „не ви гласам бе“, им подарија 15 пратенички места на ДУИ. Така што, Македонци, ако не се попишете никој нема да ви биде виновен

Cелата колумна на Горан Михајловски на сдк.мк

 

Back to top button
Close