И денеска пороен дожд и грмежи

Прoменливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи се прогнозира и за денеска. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 23 степени.

Back to top button
Close