И официјално: Џенифер Лопез поднесе документи за развод од Бен Афлек

Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално се разведуваат. Лопез ги поднела документите за развод, симболично, токму на денот кога требаше да ја прослават втората годишнина.

Според официјалните податоци, 55-годишната музичка ѕвезда и 52-годишниот актер биле разделени од 26 април.

Првото поглавје од љубовната приказна на Лопез и Афлек се случи пред 20 години. Тие беа верени од 2002 до 2004 година, кога ја раскинаа свршувачката.

Познатите актери ја обновија врската во 2021 година, а се венчаа во 2022 година на мала церемонија во Лас Вегас. Подоцна, тие направија и свадбена прослава со најблиските

Back to top button
Close