ИЈЗ: Околу 100 новозаразени, се анализираат уште брисеви

Околу 100 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје, и, како што додаваат, сè уште се работат и други земени брисеви.

Најголемиот дел од новодијагностицираните со коронавирус се од Скопје, велат од ИЈЗ, пренесе МИА. Поради големиот број заразени, се очекува Комисијата за заразни болести да одржи состанок во проширен состав.
Слична информација за над сто заболени пренесоа повеќе медиуми повикувајќи се на ИЈЗ.

 

Back to top button
Close