Џим Стоукс: НАТО е решен да се обезбеди кредибилно и ефикасно нуклеарно одвраќање
Можностите на Далечниот Север за нуклеарно одвраќање и импликациите од нуклеарните закани и предизвици низ Евроатлантскиот и Индо-пацифичкиот регион, се главна тема на годишниот Симпозиум за нуклеарна политика на НАТО што се одржува во Хелсинки.
– Овогодинешниот симпозиум се одржува во критичен момент за нуклеарното одвраќање на НАТО, изјави директорот за нуклеарна политика на Алијансата, Џим Стоукс.
Тој во обраќањето на симпозиумит нагласи дека во услови кога Алијансата се соочува со се посложена и променлива безбедносна средина, сојузниците на НАТО се решени да ги преземат сите потребни чекори за да се обезбеди кредибилитетот, ефикасноста, безбедноста и сигурноста на мисијата на Пактот за нуклеарно одвраќање.
– Подигнувањето на нашата колективна свест за прашањата поврзани со нуклеарната политика и можноста да се дискутира за импликациите од неа, се клучен резултат од симпозиумот, рече Стоукс, која заедно со генералниот директор за одбранбена политика во финското Министерството за одбрана, Јане Кусела, копредседава со дводневниот собир во Хелсинки.
Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен оцени дека во моментов поважна од кога било досега е посветеноста на НАТО и неговите земји членки кон обебзедување кредибилно и ефикасно одвраќање и одбрана.
– Ова е уникатен настан кој го зголемува нашето разбирање за клучните теми во нуклеарната политика на кој присуствуваат најдобрите експерти во оваа област, додаде Хаканен.
Симпозиумите за нуклеарна политика на НАТО се годишни собири што се одржуваат од 1992 година и на кои експерти и високи претставници на Алијансата и нејзините земји членки разговараат за прашања поврзни со нуклеарните предизвици и со нуклеарната политика на Пактот.