Има разлика: Заев фрла ѓуле, Мицкоски вози стипл-чез 

Како после секој ТВ-дуел меѓу Заев и Мицкоски, не е толку тешко да се оцени кој „победил“ во таа долга, на моменти мачна дебата што ни ја одзема целата вечер (со непристојно долгите распродадени паузи за реклами, како да се работи за борба на петли) минатиот понеделник. Тоа е така бидејќи лидерот на власта и водачот на опозицијата се двајца потполно различни политичари и по своите лични карактеристики и по своите политички, лидерски капацитети и портфолија, па како да играат во различни спортови: Заев фрла ѓуле, Мицкоски си вози стипл-чез.

 

Бидејќи Заев има долга, тешко стекната раководна партиско-државна историја и во опозиција и на власт… Мицкоски само долго има голема желба да дојде на власт. Искуствата им се потполно различни, посебно чувството за одговорност и „тежината“ од носењето тешки државнички одлуки – Заев е веќе влезен во македонската историја, додека Мицкоски „од клупата“ редовно се загрева покрај теренот и повремено вика „Уа судија!“.

Овој дуел ме потсети на еден друга дебата за време на претседателската кампања во октомври 1994 година: од едната страна крутиот, смирен, со долга комунистичка функционерска биографија, државничкиот „гигант“ Киро Глигоров; наспроти интелигентниот, жовијален, со долга интелектуална биографија во комунизмот, режисерот Љубиша Георгиевски… Георгиевски, неоптоварен од потребата за коректност, па дури и елементарно домашно воспитување – со спомнување на политички и приватни биографски детали за Глигоров кои и во ерата на денешниве социјални медиуми би звучеле непристојно – го направи Глигоров „партали“ во нивниот единствен радиски дуел, до таа мера што искрено скандализираниот Глигоров потоа одби да се појави на следниот, телевизиски предизборен дуел. (Патем, Георгиевски си го доби својот дел од времето на „дуелот“ на МТВ, со празно столче на местото на Глигоров…)

По тој вид на дебата, изборниот резултат беше 78,4% освоени гласови за Глигоров, наспроти 21,6% за Георгиевски.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close