Има жртви во пожарот во Тетово
Во големиот пожар кој ја зафати тетовската модуларна ковид болница има над 13 жртви, пренесе Press24.

Информацијата дека има жртви за порталот ја потврдил и командирот на тетовската противпожарна служба но не сакал да изнесува бројки.
Рекол дека извадиле повеќе изгорени тела од пожарот но дека работа на други институции е да ги соопштат бројките.






