Инфомакс-Меџити и Таравари вечерва во кафана со службени возила и обезбедување!

Со службено возило и обезбедување вицепремиерот Изет Меџити и министерот за здравство Арбен Таравари вечерва се забележани во Скара Бар во Скопје.

Фотографијата до редакција  на инфомах ја испратиле читатели кои тврдат дека дека со Меџити и Таравари било и службено обезбедување.

Инаку претходно директорот на СОЗР, Ивица Томовски најави дека нема да има злоупотреба на службени возила.

Ова не е прв случај на злоупотреба на службени возила.

И за овој случај, како и за многу други би требало да реагира Државната комисија за спречување на корупцијата бидејќи и вицепремиерот и директорот злоупотребуваат државни ресурси за партиски цели.

Претходно сличен случај имаше и со спикерот Гаши кој со службено возило одеше на свадба во Косово, спикерот ја помина и границата без проверка на документите, а иста привилегија добија и неговите свадбари, но и за тој случај не реагираше ниту една институција.

 

Back to top button
Close