Инвестирајте во Украина како идна членка на ЕУ, изјави Шолц на бизнис форум

Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржа членството на Украина во ЕУ на бизнис форум во Берлин посветен на обновата на Украина.

– Додека ја обновуваме Украина, тогаш да го сториме тоа имајќи ја на ум целта Украина како членка на ЕУ, рече Шолц.

Транспортната инфраструктура како и логистичкиот и транспортниот сектор треба да се развиваат на тој начин што земјата ќе се поврзе без никакви проблеми со ЕУ

– Кој денес инвестира во обновата на Украина, инвестира во идна земја членка на ЕУ која ќе биде дел од нашата заедница на закони и нашиот внатрешен пазар, рече Шолц.

Германскиот канцелар истакна дека повеќе од 2.000 германски компании биле активни во Украина, други сакаат да се вратат што е можно поскоро.

Тој апелираше до украинската влада дополнително да ги подобри рамковните услови за инвестирање. Спомна повеќе владеење на правото, поголема транспарентност и уште порешителна борба против корупцијата, пренесе ДПА.

Шолц, исто така, вети дополнителна воена помош за Украина, особено за да се заштити од напади од воздух.

 

 

 

 

Back to top button
Close