ИРИ: Заев со најголема доверба меѓу граѓаните, Мицкоски втор

На прашањето на кој политичар или јавна личност најмногу му верувате, осум проценти од испитаниците во земјава одговориле „на Зоран Заев“, а втор на листата е Христијан Мицкоски со седум отсто.

Според истражувањето, поранешниот премиер Никола Груевски е на третото место со два отсто доверба кај граѓаните. Лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села уживаат исто ниво на доверба од два проценти.

Меѓу институциите, најголема доверба уживаат религиозните институции и Армијата. Во конкуренција на шефот на државата, премиерот и опозицијата, најдобро стои претседателот, а премиерската канцеларија и опозицијата имаат слична поддршка.

Истражувањето е спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Ипсос Босна и Херцеговина меѓу 2 февруари и 6 март 2020 година. Податоците се собрани преку интервјуа „лице в лице“.

Back to top button
Close