Исчезнати четири и спасени над 100 лица во близина на грчкиот остров Дилос

Од доцна синоќа во тек е спасувачка акција на грчката крајбрежна служба во морскиот дел јужно од островот Дилос, откако едрилицата во која имало над 100 лица, веројатно мигранти, почнала да тоне, била побарана помош и спасени се 108, а исчезнати четири лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека спасени се 63 мажи, 24 жени и 21 дете, четири лица биле пренесени во здравствениот дом на островот Миконос, а согласно она што го изјавиле спасените, исчезнати се четири лица.

Спасените се пренесени на Миконос, акцијата продолжува за пронаоѓање на исчезнатите, а според крајбрежната служба, ниту едно од лицата не носело спасувачки елек

Back to top button
Close