Исламабад тврди дека има докази кои поврзуваат индиски агенти со убиства на Пакистанци

Пакистан има веродостојни докази кои ги поврзуваат индиските агенти со убиствата на двајца пакистански државјани во земјата, изјави секретарот на Министерството за надворешни работи.

Мухамед Сирус Кази дека убиствата се поврзани со „софистицирана меѓународна организација“ која се проширила на неколку локации.

– Располагаме со документи, финансиски и форензички докази за вмешаноста на двајцата индиски агенти кои ги организираа овие убиства, рече тој.

Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека обвинението е обид на Пакистан да шири „лажна и злонамерна антииндиска пропаганда“.

Кази рече дека методот на убиство е сличен на атентати во Канада, САД и други земји. Според него, наводната индиска мрежа за „вонсудски и вонтериторијални убиства“ станала глобална појава.

Обвинувањата на Пакистан доаѓаат неколку месеци откако Канада и САД одделно обвинија индиски агенти за вмешаност во обиди за атентат на нивна територија.

Индија ги отфрли обвинувањата на Отава и почна истрага за тврдењата на САД. ј

Back to top button
Close