Исламисти со мачети убиле најмалку 20 лица во источно Конго
Осомничени исламисти убиле најмалку 20 лица во напад со мачети врз село во источниот дел на Демократска Република Конго, соопштија вчера локалните власти.
Нападот, кој се случил во петокот во селото Мсандаба, е дел од бранот насилства врз цивилите за кои армијата и локалните власти ги обвинуваат Федералните демократски сили (АДФ), група од Уганда со седиште во источниот дел на Конго, која и се заколна на верност на Исламска држава.
– Изброивме најмалку 20 мртви во селото Мусандаба, изјави воениот командант на територијата Бени, полковник Чарлс Омеонга, обвинувајќи ја АДФ за нападот.