Исланд нуди на туристите две недели бесплатно тестирање за коронавирус

Исланд, како популарна туристичка дестинација, планира на сите странски туристи да им понуди бесплатно тестирање за коронавирус во текот на последните две недели во јуни.

Исландската Влада неодамна објави дека патниците во Исланд од 15 јуни по влегувањето во земјата ќе треба да изберат дали да направат тест или да одат во 14-дневен карантин.

Во меѓувреме, властите објавија дека тестот ќе биде бесплатен во наредните две недели, по што ќе се наплаќа 113 долари. Децата нема да мора да бидат тестирани.

Исланд првично ќе може да тестира 500 туристи на ден, но за неколку недели се очекува бројот да се зголеми на 4.000 тестови дневно.

Back to top button
Close