Истрага против италијански државјанин за шверц на дрога
Наредба за спроведување истражна потапка против едно лице поднесе Основното јавно обвинителство Скопје, поради основано сомнение дека 38-годишен италијански државјанин сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
– На 17 мај, на Меѓународниот аеродром Скопје, при личен преглед на осомничениот, во неговата патна торба биле пронајдени 8,01 грама марихуана, 3,33 грама хашиш и 18 милилитри хашиш масло, посочуваат од Министерство.
Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.