Истражување: Франција прв фаворит за титулата на ЕУРО2020

Научници и статистичари од повеќе европски универзитети спроведоа заедничко истражување и утврдија дека Франција има најголеми шанси да ја освои титулата европски првак на претстојното ЕУРО2020.

Според истражувањето спроведено од универзитетите во Дортмунд, Минхен, Инсбурк, Гент и Молде, веројатноста Французите да станат нови европски прваци е 14,8 отсто, пред Англија (13,5), Шпанија (12,3) и Португалија и Германија, со по 10,1 отсто.

Статистичарите во истражувањето комбинирале различни модели, вклучувајќи ја пазарната вредноста на фудбалерите, бројот на играчи со настапи во Лигата на шампиони и националните лиги, како и повеќе економски и социјални фактори на земјите учеснички на ЕУРО2020, вклучувајќи вкупно населени, бруто домашен производ, итн.

– Предвидувањата секогаш можат да не соодветствуваат со конечниот резултат. Во спротивно, фудбалскиот турнир ќе биде многу неинтересен, изјави професорот Аким Зејлес од Универзитет во Инсбурк.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close