Истражување: Над половина од граѓаните поддржуваат соработка меѓу христијанските цркви, иако не знаат што е екуменизам
Над 68 отсто од испитаниците не знаат што значи екуменизам, но 60 отсто сметаат дека поголемата соработка меѓу христијанските цркви може да придонесе за подобро разбирање и соживот во општеството

Во однос на довербата во верските институции, над 76 отсто од граѓаните изразиле доверба во верските организации, што е за три процентни поени повеќе во споредба со минатогодишното истражување
Над половина од граѓаните поддржуваат дијалог и соработка меѓу православната, католичката и евангелско-методистичката црква, иако мнозинството не го познава значењето на поимот екуменизам. Ова го покажува новото истражување на јавното мислење спроведено од Фондацијата „Конрад Аденауер“ (КАС), Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) и порталот „Религија.мк“ за „Улогата на Католичката цркваbи Евангелско-методистичката црква:ставови и перцепции на граѓаните за екуменизмот“.
Истражувањето е спроведено на крајот на октомври 2026 година, на репрезентативен примерок од 1 120 испитаници.
Според резултатите, 54,2 отсто од испитаниците во целост или донекаде го поддржуваат дијалогот и соработката меѓу трите христијански цркви, додека 68 отсто не знаат што значи поимот екуменизам. Дополнително, 60 отсто сметаат дека поголемата соработка меѓу христијанските цркви може да придонесе за подобро разбирање и соживот во општеството.
Истражувањето покажува и позитивни ставови кон припадниците на помалите верски заедници. Мнозинството граѓани немаат проблем со комуникацијата со католиците и протестантите, а над 75 отсто од испитаниците имаат позитивен или донекаде позитивен став кон припадниците на другите религии.
На прашањето дали би прифатиле припадник на друга вероисповед како дел од семејството, 58,4 отсто од испитаниците одговориле дека би прифатиле католик, додека 51,8 отсто би прифатиле протестант.
Во однос на довербата во верските институции, над 76 отсто од граѓаните изразиле доверба во верските организации, што е за три процентни поени повеќе во споредба со минатогодишното истражување.
Религискиот барометар покажува дека 70 отсто од граѓаните се православни, 26 отсто се муслимани, нешто помалку од два отсто се атеисти, а нешто над еден отсто припаѓаат на други вероисповеди.
Високи 86 отсто од испитаниците се изјасниле деа се религиозни или донекаде религиозни






