Истражување: Обилното пиење алкохол го попречува намерното зачнување

Истражување и извештај на американскиот Центар за контрола и превенција на болести покажа дека речиси три од четири жени пијат алкохол и кога планираат да забременат. Но, мигот на зачнување не е егзактна наука. Како што велат стручњаците, идната трудница нема да добие порака „престанете да пиете“ кога спермата ќе се сретне со јајце-клетката.

Обилната употреба на алкохол може да го наруши и менструалниот циклус, што може да ги попречи намерите за зачнување. Затоа се препорачува сите жени кои се обидуваат да забременат барем да го намалат внесот на алкохол.

Иако тешко се достапни цврсти податоци за опасностите од употребата на алкохол во бременоста (под претпоставка дека ниеден истражувач не би изложил бебе на опасност во име на науката), медицинските групи, вклучувајќи го Американскиот колеџ за акушери и гинеколози, препорачуваат идните мајки да не пијат алкохол.

 

 

Back to top button
Close