Истражување: Сличностите се привлекуваат

Правилото „Спротивностите се привлекуваат“, се чини, веќе не важи. Ново истражување открива најмалку пет својства на меѓусебната привлечност поврзана со сличностите и современата успешна и трајна врска.

Сеопфатно проучување од Универзитетот на Колорадо во САД опфати повеќе од 130 особини на милиони двојки во распон од еден век. Во 82 – 89 отсто од особините – од политички наклонетости до избор на начин на живот, партнерите покажале впечатливи сличности. Од друга страна, само три отсто од личните особини покажале некаква спротивност. Покрај разбирањето на љубовта, врз овие откритија имаат значително влијание и генетските истражувања, пренесува „Хелти“ (The Healthy).

Д-р Метју Келер, автор на испитувањата и професор на Институтот за бихејвиорална генетика, психологија и невронаука при Универзитетот во градот Боулдер, истакнува дека многу генетски модели претходно веруваа дека човековото поврзување е случајно… Сепак, последните сознанија посочуваат дека луѓето прилично „намерно“ бараат одредени особеносати кај партнерот.

 

1. Политички и верски убедувања

Тања Хорвиц, една од авторите, вели оти „секоја птица е поверојатно да лета до сопственото јато“. Затоа и за многумина можеби не е шок што заедничките уверувања се меѓу најбитните показатели дека врската може да трае долго.

 

2. Исто ниво на образование и коефициент на интелигенцијa

Нивото на образование ја диктира човековата потреба за интелектуална стимулација. Поединци во САД, на пр., сѐ повеќе наоѓаат партнери со исто или слично ниво на интелигенција. Според познавачите, оваа шема може на долг рок да ги засили социо-економските разлики.

 

3. Висина

Луѓето велат: големината е важна. Се чини, тоа важи за висината. Според Хорвиц, ако пониските лица првенствено избираат партнери со сличен раст, а повисоките луѓе го прават истото, следните поколенија би можеле да се одликуваат со поизразени разлики во висината – но и сличните наследни особини, како медицински предиспозиции, однесување итн.

 

4. Слични ставови кон консумените и пороците

И односот кон супстанции како алкохолот и тутунот може значително да влијае на љубовниот избор. Новото истражување открива јасна шема: страсните пушачи, алкохоличари и од друга страна оние кои „апстинентните од пороци“ често се дружат со оние кои ги споделуваат тие навики.

 

5. Година на раѓање

 

Можеби изгледа очигледно, но возраста се издвојува како јасен признак на компатибилноста. Луѓето најчесто наоѓаат партнери кои им одговараат на нивото на емоционална зрелост, што можеби ја одразува генерациските вредности и искуства.

 

Инаку, истражувањето покажа дека факторот претходни партнери, на пр., или дури и животните искуства, како што е доењето, влијаат на изборот на партнер, иако во помала мерка. И невротичноста, како и други позитивни или негативни особини, покажаа минимални, но позитивни корелации во смисла на меѓусебната привлечност.

Интересно, компатибилноста кога станува збор за отвореност или воздржаност не е клучна. Хорвиц коментира: „Луѓето ги имаат сите овие теории дека екстровертите се како интроверти или екстроверти како другите екстроверти, но факт е дека тоа е како да превртувате паричка: екстровертите имаат исто толку шанси да завршат со екстроверти како и интровертите“.

Иако сѐ ова посочува дека сличностите доминираат во романтичните избори, постојат исклучоци. Одредени особини, како што се моделите на спиење (да се биде утринска личност наспроти „ноќна птичка“) и донекаде анксиозноста укажуваат на привлекување на спротивностите. Сепак, корелацијата тука е недоволно јасна и бара дополнителни истражувања.

Back to top button
Close