Силјановска сакала кога шета да биде сама без обезбедување и затоа се думала.Сепак превагнала кандидатурата.
Тешко носам одлуки, но стојам зад нив. Многу се думав,знаете јас сакам по улици да шетам сама нејќум обезбедување но на крај (хахаха)сепак превагна кандидатурата за председател. Состојбата во која се наоѓа земјава бара од нас да не седиме како во ложа и да коментираме, туку да сториме нешто. Еден ден со право ќе не прашаат каде бевте и што правевте со државата која вашите татковци и дедовци рече професорката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во „Тема на денот“ на Сител телевизија запрашана за тоа зошто по втор пат влегува во трката за претседател на Македонија.
– Мислам дека амбиентот сега е поинаков од минатите избори, граѓаните ги споредуваат мојата четири годишна работа во Собрание и пет годишната работа на Пендаровски. Покрај тоа консолидацијата во ВМРО-ДПМНЕ е на далеку повисоко ниво од минатите избори, некогаш и патот е важен како и резултатот, потенцираше таа.
Силјановска Давкова во однос на тоа какви каква кампања очекува и дали ќе добие поддршка од другите противкандидати во вториот круг изјави дека очекува витешка битка, а воедно очекува и поддршка во вториот ктуг од Стевче Јакимовски како што ја фалел на претходните председателсдки избори а и од Максим Димитриевски кој раскрстил со неговата СДСМ.
Што се однесува до битката, знам дека битката меѓу мене и колешката Ванковска ќе биде витешка, можеби е време да покажеме ние жените дека е време за витешка битка, очекувам дијалог со аргументи, Меѓу пратениците јас не правам разлика по етничка или партиска основа, имам луѓе со кои одлично комуницирам по принцип на стручност и компетентност.
Имам и побратим Албанец во семејството, време е за национално единство во секој поглед, надминување на партиските разлики коа се работи за прашања од државен карактер.