Изборниот Нострадамус“ тврди: Камала Харис ќе го победи Трамп
Професорот од американскиот универзитет, Алан Лихтман (77), познат по своите предвидувања на победниците на претседателските избори во САД, објави дека Камала Харис ќе го победи Доналд Трамп на претстојните избори во ноември.
Лихтман има погрешно предвидено само еднаш од последните десет изборни циклуси, и сега предвидува дека Харис ќе го задржи клучот на Белата куќа во рацете на демократите.
Лихтман своите предвидувања ги базира на 13 категории, кои ги нарекува „клучеви“, и кои оценуваат шанси за секој главен кандидат.
Според него, Харис има предност во осум категории, додека Трамп во три. Резултатот, секако, ќе зависи од граѓаните кои ќе излезат на гласање.
Лихтман во 1984 година првпат предвиде победник и оттогаш доследно ги погаѓа резултатите. Единственото негово погрешено предвидување беше на изборите во 2000 година, кога предвиде победа на Ал Гор, кој сепак загуби од Џорџ В. Буш.
Тринаесетте категории, на кои ги базира своите предвидувања, ги вклучуваат следните прашања:
Дали партијата на актуелниот претседател доби места во Претставничкиот дом за време на средина на мандат (Трамп)
Дали актуелниот претседател се кандидира за реизбор (Трамп)
Дали партијата во Белата куќа се соочува со прелиминарни избори (Харис)
Дали има трета страна конкурент (Харис)
Состојба на краткорочна економија (Харис)
Состојба на долгорочна економија (Харис)
Дали партијата на актуелниот претседател направи прилагодувања на националната политика (Харис)
Дали има социјални немири (Харис)
Дали претседателот се соочи со големи скандали (Харис)
Харизма на предизвикувачот (Харис)
Харизма на актуелниот претседател (Трамп)
Дали имало големо фијаско во надворешната политика (нема податоци)
Дали актуелниот претседател бил успешен во надворешните работи (нема податоци).
Харис има 2,4 процентни поени предност пред Трамп на национално ниво во анкетите со повеќе кандидати, според најновиот агрегат RealClearPolitics, додека најновата прогноза на Нејт Силвер му дава на Трамп 58,2% шанса да го освои Изборниот колеџ