Изгоре магацин за произведување полиестер
Во село Неготино општина Врапчиште, оваа ноќ изгоре магацин за производство на полисетер. Пет часа, од полноќ до раните утрински часови, девет гостиварски пожарникари со три противпожарни возила го насмеа пожарот.
Два од трите објекти целосно изгореа. а третиот е делумно изгорен. Повреден бил еден пожарникар, јавува Центарот за управување со кризи.
При интервенцијата, тој паднал од скали и добил повреди поради што е однесен во Ургентниот центар во Клиничката болница во Гостивар.
Пожарот е локализиран во 05:30 часот, но пожарникарите се на терен бидејќи сѐ уште има жар и чад.
Не се познати причините за настанување на пожарот.