Излезни анкети во Германија: Според едни ЦДУ/ЦСУ и СДП се скоро еднакви, според други социјалдемкратите се во мала предност

На трета позиција се Зелените, а потоа следуваат АФД и ФДП и Левица

Во 18 часот гласачките места во Германија беа затворени, со што се појавија и првите предвидувања за изборните резултати. Според податоците објавени од Дојче веле и Билд, социјалдемократите и демохристијаните ја делат првата позиција со 25 проценти.

Зелените се на третата позиција со 15%. Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и ФДП следуваат со по 11%, а Левица со 5%

Според ЗДФ пак, СДП е во водство 26 наспроти ЦДУ/ЦСУ со 24 отсто, трет се Зелените со 14,5%, а потоа следуваат ФДП со 12, АФД со 10 и Левица со 5% од гласовите.

Медиумите јавуваат за атмосферата во изборните штабови, при што се вели дека демохристијаните се прилично депресивни и незадоволни, додека во изборните штабови на социјалдемократите владее еуфорија по затворањето на избирачките места. Кај Зелените првите резултати се дочекани со музика.

 

Back to top button
Close