Измислена изјава на Фон дер Лајен, пласирана како вистинска
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено ниту претходно. Веста споделена во објавата, а која е пласирана како да е вест на Дојче веле, е лажна. Дојче веле ваква вест нема објавено. Исто така, не постојат никакви нови барања за Македонија за членство во Унијата, а вметнувањето на Бугарите во Уставот не е ново барање, туку обврска која државата ја презеде со Европската преговарачка рамка.
Анализираме објава на Фејсбук која споделува наводна вест од Дојче веле во која, како што се тврди, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изјавила дека проширување на ЕУ ќе нема во наредните 15 години и дека наводно има нови барања за Северна Македонија.
Нови барања од ЕУ, стои во објавата под која како фотографија е споделена наводната вест од Дојче веле.
Вистиномер ја разгледа официјалната Фејсбук страница на Дојче веле и ваква вест не пронајдовме. Дека фотографијата е лажна говори лажниот изглед на логото на Дојче веле, како и фонтот на буквите кои агенцијата ги користи на вестите кои ги пласира на Фејсбук. Оригиналното лого на Дојче веле е бело.
извор: Вистиномер