Израел го смени односот на силите на северот и ќе му возврати на Иран, вели Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го менува балансот на силите на северот и дека има „должност“ да му возврати на Иран и дека тоа ќе го направи, пренесе „Тајмс оф Израел“

Нетанјаху беше дециден дека Израел ќе му возврати на Иран за нападот од вторникот со мад 180 балистички ракети.

-Иран двапати истрела стотици проектили на нашата територија и нашите градови – напади со балистички ракети се едни од најголемите во историјата. Израел има должност и право да се брани и да одговори на овие напади и ние ќе го сториме тоа, рече Нетанјаху во видео изјава.

Тој додаде дека израелската армија уништила голем дел од ракетните резерви на Хезболах, а сега ги уништува и тунелите на Хезболах во близина на границата со Израел.

Израелскиот премиер рече и дека иако армијата сè уште не ги отстранила заканите, „јасно е дека текот на војната е променет“

Back to top button
Close