Израел нападна локации на Хезболах за шверц на оружје од Сирија во Либан

Израел изврши воздушни напади долж либанската граница со Сирија. Мети на нападот биле локации за шверц со оружје од Сирија за Хезболах.

Објектите на Хезболах беа мета на Израел, бидејќи, како што тврди израелската армија, тие ги продолжија операциите по нивниот неодамнешен Договор за прекин на огнот. Според израелската војска, шверцот со оружје е кршење на Договорот.

Ниту сириските власти ниту активистите не го коментираа израелскиот напад. Хезболах исто така не коментираше.

Договорот помеѓу Израел и Хезболах поддржан од Иран, со посредство на САД и Франција, предвидува 60-дневен прекин на огнот во кој борците на Хезболах мора да се повлечат северно од либанската река Литани, а израелските сили мора да се вратат на нивната страна од границата

Back to top button
Close