Израел од октомври 2023 година во Појасот Газа убил над 72.500 лица


Од почетокот на борбите меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, во октомври 2023 година, бројот на жртви од израелската офанзива се зголеми на 72.551, додека 172.274 лица се ранети.

Локалните палестински здравствени власти изјавија дека болниците во Газа во последните 24 часа примиле две тела, од кои едното е извлечено од под урнатини.

Тие додадоа дека вкупниот број на убиени Палестинци од почетокот на прекинот на огнот на 11 октомври 2025 година се искачи на 775, додека во истиот период повеќе од 2.170 се повредени, а 761 тело е извлечено од урнатините.

Одреден број жртви се уште се закопани под урнатините и на улиците, бидејќи службите за спасување и итни случаи сè уште не можат да стигнат до нив, рекоа тие, пренесува палестинската агенција Вафа.

Болниците, исто така, објавија дека дополнителни 196 смртни случаи биле вклучени во вкупниот број на жртви, по верификацијата и одобрувањето од страна на комисијата одговорна за документирање на жртвите.

Тагови

Back to top button
Close