Изречени 115 санкции за брзо возење на територијата на СВР Штип

– СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во текот на вчерашниот ден за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина на поголема од пропишаната. Санкционирани се вкупно 115 возачи, информира Министерството за внатрешни работи.

Од вкупно 115 санкции, 39 се на територијата на Штип, 27 на територијата на Свети Николе и 20 на територијата на Кочани.

МВР соопшти дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел побезбеден сообраќај.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close