Изрешетани прозорците на теолошкото училиште -Пукотници во Тетово

Тетовската полиција почна истрага со цел да се открие кој стои зад истрелите од огнено оружје при што се оштетени прозорци од објект на теолошко училиште во градот. Случајот е пријавен утринава, а според пријавителите пукањето и оштетувањето се случило ноќта помеѓу неделата и понеделникот.

– Денеска во СВР Тетово пријавено е дека изминатата ноќ, засега непознат сторители со истрели од огнено оружје оштетил неколку прозорци од објектот на средното теолошкo училиште Медреса Иса Беу лоциран на улица „Пробиштипска“ во Тетово. Оштетени се прозорци на првиот и погорните катови, односно светларници. Увид узвршила екипа на СВР Тетово – информира портпаролот Марјан Јосифоски.

При увидот пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење се неколку проектили и чаури.

Back to top button
Close