Како ќе се лекува Кејт Мидлтон и што е адјувантна хемотерапија?

Принцезатс од Велс, Кејт Мидлтон објави дека е во „рана фаза“ на превентивна хемотерапија.

Но за каква превентивна терапија станува збор?

Д-р Марлен Мејерс, онколог и директорка на Програмата за борба со рак во Центарот за рак Перлмутер за „Њујорк пост“ објасни дека, е тешко да се коментира специфичниот третман на Мидлтон, бидејќи типот или фазата на ракот на принцезата од Велс е непознат – превентивната хемотерапија генерално има цел да се намали ризикот.

– Превентивната хемотерапија, која уште се нарекува и адјувантна хемотерапија, понекогаш се користи по отстранувањето на примарниот карцином за да се намали ризикот од негово повторување – објасни онкологот.

Третманот е погоден за некој кој е изложен на поголем ризик од развој на одредени видови на рак поради семејна историја или предканцерозна состојба.

– Превентивна хемотерапија препишуваме за неколку видови рак за да се обидеме да ги искорениме микроскопските клетки кои не можат да се видат на скенирањата, но доколлу не се превенираат може да растат – додаде Мејерс.

Адјувантна терапија може да се користи кога другите методи на третман не се ефикасни, иако изборот да се подложи на превентивна хемотерапија зависи од видот и стадиумот на ракот, дали е приемчив за хормонска терапија и бројот на зафатени лимфни јазли итн.

Back to top button
Close