Калиопи откри НОВИ ДЕТАЛИ за жената која почина на нејзиниот концерт: Не е од Македонија, таа е само една година постара од мене


Откако синоќа беше откажан концертот на Калиопи (56) во салата на МТС во Белград, пејачката сега се огласи со болни зборови. Имено, непосредно пред почетокот на концертот, на една жена од публиката ѝ се слоши и за жал почина, а Калиопи сега проговори за немилиот настан.

– Зборувам во името на сите нас кои тажно и трагично ја доживеавме синоќешната трагедија. Најтажниот момент во мојата кариера. Голем шок за сите нас. Концертот уште не беше почнат, чекавме сите да влезат, да се наполни салата и да го славиме животот, а една од нив беше и госпоѓата што почина. Веднаш се симнав до публиката и сфатив дека имаме тежок случај – вели Калиопи и додава:

– Сите се молеа да се случи чудо, но за жал, тоа не се случи. Еден живот вреди повеќе од стотина концерти. Концертот го одложуваме и наскоро ќе биде објавен новиот датум. Во име на целиот мој тим, сакам да упатам сочувство до целото семејство. Госпоѓата е само една година постара од мене, не е од Македонија, таму беше и нејзината ќерка, се грижевме и за неа, додека остатокот од семејството не дојде на лице место. Сите го напуштија просторот кога тоа од нив беше побарано поради кислород за пациентот. Жената е мајка на мој обожавател и не би го открил нејзиниот идентитет. Кога ќе се случи нешто толку страшно, не знам на кого му е до музика. И наша должност беше да покажеме почит кон семејството. Се надевам дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори – изјави Калиопи во емисијата „Премиер-Викенд Специјал“.

Да потсетиме, госпоѓата која почина била на концертот со пријателите и ќерката, наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брза помош.

Back to top button
Close