Камчев останува во притвор, пресече Апелација

Бизмисменот Орце Камчев останува во притвор, бидејќи Апелација му ја одби поднесената жалба.

-Потврдена е мерката притвор, одговориле од Апелација за Фокус.

Бизнисменот неколку пати бараше да му биде укинат притворот, за што нудеше и милионска гаранција, но засега и понатаму останува зад решетки во истражниот затвор “Скопје”, во кој влезе пред шест месеци.

Камчев мерката притвор ја доби како обвинет во случајот “Плацевите на Водно”.

За овој случај обвинети се екс премиерот Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Според обвинението, Груевски, од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации што ги добивал, лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра, а со нив си купил таен имот.

Back to top button
Close